За нас


Вадекс ДООЕЛ Скопје, Република Северна Македонија, е формирана во 1990 година, како компанија во приватна сопственост. Основната дејност на Вадекс е транспорт и транспортна логистика. Компанијата е специјализирана за транспорт и логистика, на пазарите на Балканските држави, земјите од Европската Унија и Источна Европа.

Вадекс е компанија која од своето основање го опслужува македонското стопанство со своите транспортни услуги, а со текот на годините истото го пренасочува и на останатите пазари од Балканот. Спојот на младост и искуство создаваат една енергична компанија која е ориентирана кон клиентите и чија цела е преку прецизно информирање, квалитетна услуга и навремена достава, да обезбеди додадена вредност за своите клиенти.

Искуството од повеќе од 30 години работа, акумулирано во Вадекс, овозможи компанијата да стекне широка мрежа на партнери и збирни центри низ Eвропа и Балканот. На основа на тоа, Вадекс е во можност да понуди широк спектар на услуги во транспорт, и во исто време на своите клиенти да им овозможи персонализирана услуга, по стандардите на најголемите европски шпедиции и логистички компании.

Логистичкиот тим на Вадекс, кој се состои од 5 висококвалификувани и високомотивирани логистичари, најпрофесионално се грижи клиентите да добијат висококвалитетни и сеопфатни услуги, по конкурентни цени

Мисија:

Основната цел на Вадекс, е да обезбеди висококвалитетна транспортна и логистичка услуга за своите клиенти, преку постојано модернизирање на процесите и ширење на партнерските мрежи.

Визија:

Иднината Вадекс ја гледа во проширување на пазарите на кои не е, или е помалку застапен, со цел овозможување и нудење на своите услуги кон нови пазари и клиенти.