Услуги


Со јасна визија и точен пристап, Вадекс успеа да изгради капацитети за опслужување на многу пазари. Во овој момент Вадекс може да ги понуди своите транспортни и логистички услуги од Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија (земјите на поранешна Југославија), Албанија, Бугарија и Грција кон земјите од Западна, Централна и Источна Европа, и во обратна насока.

Индустриите кои ги опслужуваме се:

  • Тутунска индустрија на репроматеријали и готови производи;
  • Фармацевтска и хемиска индустрија;
  • Прехранбена индустрија, на свежи и замрзнати производи;
  • Автомобилска индустрија;
  • Индустриска машинерија под посебни услови за транспорт.

За овие индустрии ги обезбедуваме следниве типови на транспорт:

  • Комплетни утовари за меѓународен пазар, со камион и полуприколка со носивост до 24 тони;
  • Поединечен и збирен транспорт за меѓународен пазар;
  • Експрес пратки со прецизни рокови за достава. Со Комбиња и мали камиони до 7,5 тони;
  • Транспорт на скапа и високо-ризична стока, со фургон возила од секаков тип;
  • Транспорт со регулиран температурен режим;
  • Специјален вонгабаритен превоз, со комплетна услуга на вадење дозволи и обезбедување придружба.

Вадекс исто така обезбедува и магацински услуги на царинска и нецаринска стока од секаков вид и нејзино складирање, во сопствен магацин од 1200 м².